Посольство України в Республіці Північна Македонія

Київ 02:15

В провідному македонському виданні "Plusinfo" вийшла стаття Посла України в Македонії Наталії Задорожнюк присвячена страшній і трагічній сторінці історії українського народу - Голодомору 1932-1933 рр. в Україні.

12 листопада 2018, 17:28

На крајот на ноември Украина и светот го одбележуваат сеќавањето на жртвите од Поморот од гладот 1932-1933 година – најстрашната трагедија на украинскиот народ, неговиот геноцид. По тој повод во Музејот на град Скопје во среда во 13 часот ќе се одржи комеморативен настан посветен на 85-годишнината од Поморот од глад 1932-1933 година во Украина.

Поморот од глад 1932-1933 година во Украина е тешко злосторство на Сталин и тогашната советска власт. Тоа е насочена акција против Украинците како нација и украинските селани како класа. Овој ужасен настан засекогаш ќе остане во меморијата на Украинците, како најстрашна страница од нивното минато. Архивските извори имаат неоспорни докази за создадениот вештачки глад во Украина. Главната цел на организирањето на вештачкиот глад била поткопување на социјалната база на отпорот на Украинците против комунистичката власт за обезбедување тоталната контрола врз нив.

Поморот од глад, пред сѐ, бил начин на борба на советската власт со украинското бунтовничко движење. И само со биолошко уништување болшевиците можеле да постигнат успеси во ликвидирањето на ослободителното национално движење на Украинците.

Поморот од глад во 1933 година е историја на геноцид против нацијата што цветала, што живеела на плодна земја. Тогаш, во тие години, целото жито што го одгледувале украинските селани, од Украина било извезувано, и луѓето отекувале и умирале од глад, губејќи ги своите деца. Некогаш селото во цут постепено се претворало во пустелија, урнатина. Селаните еден по еден умирале. И тие, кои преживеале, веќе не биле целосно луѓе, како што е очигледно од впечатливо натуралистичките слики на канибализам, самоубиство, тортурата со глад, потрагите по барем некаква храна на измрзнатите полиња. Единствена желба на луѓето била да јадат!

И не само што со глад ги убивале Украинците, туку и ги стрелале тие кои се обидувале да се спасат од гладот. Постоел закон „за петте класчиња“ кој предвидувал стрелање на тие кои се обиделе да се спасат од глад, земајќи од полето неколку класчиња пченица или неколку замрзнати компири. Било кој возрасен и дури и дете, фатени само со грст жито покрај колхозното поле, можеле да бидат погубени. При олеснителни околности сличните„злосторства против државата“ се казнувале со десет години логор.

Вонредната комисија ја однела Украина во позиција на блокада. Во возовите и на станиците го проверувале багажот на патниците и ја конфискувале храната, која селаните ја обезбедувале за големи пари или разменувале вредни работи во соседните локалитети на Украина, за да ги нахранат децата.

Имало масовни обиди за бегање на луѓето надвор од границите на Украина. За украинскиот селанин да не може да се извлече од организираниот пекол од Кремљ, се сетиле на границите меѓу републиките-колониите и меѓу Украина, Русија и Белорусија да постават одреди на внатрешни војски кои го блокирале движењето.

Луѓето паселе трева, како стока, јаделе лисја од липа и трска, жнееле на вештачките езерца и вареле „зелка“, и така се спасувале. Но, секој трет паѓал, умирал од глад.

Останувајќи без леб, селаните ги јаделе домашните животни, стаорците, кората од елката и лисја од дрвјата, се хранеле со отпадоците на кујните на началството, кои биле добро обезбедени. Имало бројни случаи на канибализам. Како што пишува еден советски автор: „Отпрво умирале мажите. Потоа децата. Последни умирале жените. Сепак, уште пред смртта многу од нив полудувале, го губеле човечкиот изглед“. Без оглед на тоа, што умирале цели семејства, што умирале веќе цели села, партиските активисти продолжувале да го одземаат житото.

Демографски загуби

Пролетта 1933 година, во Украина, умирале 17 луѓе во секоја минута, 1.000 луѓе секој час и 25.000 луѓе секој ден.

Во просечно украинско село во Поморот од глад починале 2-4 пати повеќе луѓе отколку во Втората светска војна.

Повеќето од умрените од поморот од глад биле деца! Украински деца на возраст од 6 месеци до 17 години изнесувале околу половина од сите жртви на Поморот од глад. Околу 81% од починатите од глад во Украина биле Украинци, 4,5% – Руси, 1,4% – Евреи и 1,1% – Полјаци. 

Бројот на Украинците во СССР според пописите изнесувал: Во 1926 година – 31 милиони 195 илјади, во 1937 –  26 милиони 421 илјади.

Просечниот сооднос на популацијата на СССР меѓу пописите од 1926 и 1937 година (со исклучок на оние кои биле погодени од Поморот од глад на Украинците) изнесувал 119,4%, што претставува зголемување од речиси 20%.

Односно со состојбата во 1937 година бројот на Украинците изнесувал само 70,9% од бројот, којшто требало да биде во случај на ширење на Украина. Во таков случај загубите од Поморот од глад изнесувале 10 милиони 844 илјади.

Извршителите на пописот од 1937 година биле репресирани од Кремљ, а материјалите од тој попис биле одземени и класифицирани.

Советскиот Сојуз го негирал Поморот од глад во Украина

Забележителни биле обидите на власта да го избришат Поморот од глад од човечката меморија. Уште неодамна советскиот став по тоа прашање бил недвосмислен: се негирал самиот факт на гладот. Се разбира, ако вистинските размери на поморот од глад станеле општопознати, тоа би нанело непоправлива штета на сликата на „светилото на светот и напредокот“, кој Москва се обидувала да го потврди во свеста на луѓето како во СССР, така и во странство. Затоа, долго време режимот забранувал дури и да се спомне за таа трагедија.

Светската историја знае многу ужасни масовни злосторства. Но, ретко кој по своите размери и садизам може да се спореди со тој што бил извршен во 1932-1933 година од московско-комунистичкиот режим против украинската нација.

Таткото на Конвенцијата за геноцид, доктор Рафаел Лемкин, во 1953 година рекол дека „уништувањето на украинската нација“ е „класичен пример на геноцид“.

Признавањето на поморот од глад во Украина како геноцид против украинскиот народ

На 28 ноември 2006 година бил донесен Закон „За Поморот од глад 1932–1933 година во Украина“, кој официјално го признал Поморот од глад за акт на геноцид на украинскиот народ. Тоа е важен чекор во известување на светот за вистината за една од најголемите трагедии на историјата.

Во резолуцијата на Европарламентот од 2008 година Поморот од глад е наречен „ужасен злостор против народот на Украина и човештвото“.

Поморот од глад 1932-1933 година во Украина е признаен на парламентарно ниво како геноцид на украинскиот народ во Грузија, Еквадор, Естонија, Колумбија, Латвија, Литванија, Мексико, Парагвај, Перу, Полска, Унгарија, Австралија, Канада и во Португалија.

На 4 октомври 2018 година Сенатот на САД со едногласна одлука усвоил двопартиска резолуција, која станала прв правен акт во историјата на Конгресот на САД, каде Поморот од глад 1932-1933 година се признава како геноцид врз украинскиот народ.

Признавањето од Сенатот на САД на геноцидот против Украинците е силен сигнал за другите земји и народи. Тие можат исто така да ги разгледаат сите факти за настаните и да донесат свои одлуки.

Оваа трагедија, чии размери едноставно е невозможно да се сфатат, ѝ нанеле на украинската нација непоправлив удар, чии социјални, психолошки и демографски последици се чувствуваат и денес. Тоа е историско сеќавање, страшно, но потребно е за да не се повторат повеќе ужасните грешки, кои го чинеле живот целото поколение.

Херојска и истовремено трагична историја на украинскиот народ.

https://plusinfo.mk/%D1%81%D0%B5%D1%9C%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B4-1932-1933-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D0%BA%D1%80%D0%B0%D0%B8/?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk&fbclid=IwAR178bvts913GVQy3DsLrtey-wB5G8DAqOSbR4__2xTkblxDo1iKWZAmygA

Останні інтерв`ю

Посол

Контакти

Адреса: вул. Альберт Швейцер, 7-9, Скопjе, 1000 Республіка Північна Македонія. Переглянути на мапі
Телефон: 00389 2 317 8120, 00389 2 317 9259. Гаряча лінія Посольства 00389 72 589 639. Прохання телефонувати виключно в разі загрози життю чи загибелі громадян України
Факс: 00389 2 317 8120
Веб-сайт: macedonia.mfa.gov.ua