Амбасада на Украина во Република Северна Македонија

Киев 02:12

Културно-хуманитарна соработка

Соработката меѓу Украина и Република Македонија во культурно-хуманитарната сфера останува важен составен дел на билатералните односи меѓу нашите држави. Културната, религиската, јазичката и етничката блиск ост на двата народа ја условува заинтересираноста за развојот на украинско-македонските културно-хуманитарни контакти.

Нивната практична основа ја сочинува Програмата за соработка во областа на културата меѓу Министерството з акултура на Украина и Министерството за култура на РМ за 2010-2014 год., потпишана на 3 ноември 2010 год. во рамките на официјалната посета на Украина на Премиерот на РМ, Н.Груевски.

Сред последните настани во културно-хуманитарната сфера треба да се споменат следните:

Главен настан во 2013 год. во сферата на културно-хуманитарната соработка стана отворањето во октомври на предавања по украински јазик на филолошкиот факултет на скопскиот Универзитет „Св.Кирил и Методиј.

Во јуни 2013 год. беше склучена (под иницијатива и координација на Амбасадата) Спогодба за соработка меѓу Националната телевизиска компанија на Украина (НТКУ) и Македонската радио и телевизија (МРТ).

Спогодбата предвидува широка размена на информативни, спортски, забавни, уметнички програми, документарци, директно емитување, информирање за важни настани од внатрешен и меѓународен карактер за секоја од земјите, реализирање на заеднички проекти, размена на искуството во сферата на телевизијата и т.н.

Во октомври 2013 година се случи посетата на Заменик-министерот за култура на Република Македонија, Д.Недељковиќ на Украина. Беше постигнат договор за подготовка на Програмата за соработка во културата за 2014-2018 год.

Во август месец 2013 год. под претседателствување на Претседателот на Македонската Академија на науките и уметностите, В.Камбовски, се одржа свечена седница на МАНУ по повод 150-годишнината од денот на раѓањето на првиот Претседател на ВУАН, В.Вернадскиј.

Во ноември 2013 год. беше склучена Спогодба за соработка меѓу архивните служби на двете земји.

Продолжи соработката за подготовка на восочни фигури за музејот на Македонската национална борба и музејот на археологијата.

Во текот на 2013 година украинските уметници доста активно ја посетуваа Македонија:

-              во март во Македонската филхармонија се одржа вториот концерт од циклусот „Лауреати”, чиј солист беше еден од најпознатите украински виолинисти, Валериј Соколов. Во програмата на концертот беа изведени дела на Моцарт и Бетовен;

-              во април, во Битола, од 24 до 28 април, се одржа театарскиот фестивал во којшто беа играни престави претставени од колективи, меѓу другото и од Украина;

-              во април, во Штипскиот народен театар се одржа новата изведба на украинскиот режисер Олександр Мирошниченко „Самоубиството на самотијата”;

-              во мај, месец на сцената на Македонскиот национален театар на операта и балетот се одржа балетската претстава „Дон Кихот” Л.Минкус. Диригент О.Баклан, кореограф В.Јаременко, декоратор – А.Злобин, костимограф – Г.Ипатиева – сите од Украина;

-              во мај, карикатуристот Ј.Кособукин победи на меѓународниот натпревар за карикатура „Скопје-2013”, што се одржуваше во галеријата на главниот град „Остен”;

-              во јули, претставници од Украина зедоа учество во програмата на 53-иот фестивал „Охридсколето”, што се одржува секоја година;

-              во јули, се одржа концерт на светски познатиот виолончелист Антонио Менезес од Бразил и пијанистката Олга Задо од Украина, што се одржа во рамките на Меѓународниот фестивал „Скопско лето-2013”. Специјалистите сметаат дека оваа 22-годишна украинска пијанистка е една од најперспективните светски музичари во својата генерација;

-              во октомври, во Битола, под поддршка на Министерството за култура на Република Македонија се одржа фестивал на класична музика „Интерфест”, во којшто зедоа учество колективи изведувачи на класична музика, меѓу другото и од Украина;

-              во октомври, во главниот град на Република Македонија, Скопје, се одржа меѓународниот детски фестивал „Оро без граници” кој се одржа под поддршка на администрацијата на Општина Карпош. Во фестивалот зеде учество украински детски колектив;

-              по година дена пауза Македонија зеде учество во детскиот натпревар „Евровизија”, што се одржа во главниот град на Украина, на 30 ноември;

-              во ноември, во градската уметничка галерија во Крива Паланка се отвори изложба на фотографии од познатиот украински фотограф Марија Андришчук.

Приоритети во 2014 год. ќе бидат одржување на активностите по повод празнувањето на 200-годишнината од денот на раѓањето на Т.Шевченко, потпишување на Програмата за културно-хуманитарна соработка за 2014-2018 год., одржување на Деновите на науката на Украина во Република Македонија.